Кредитни линии за поголема профитабилност

Bez autora
Apr 06 2011

Кредитните линии што моментно им се нудат на македонските мали и средни претпријатија од повеќе финансиски институции во земјава овозможуваат фирмите да го подигнат квалитетот на своите производи и со тоа да станат поконкурентни и да ја зголемат профитабилноста. Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), како што беше речено на работилницата "Пристап до извори на финансирање", од сопствениот капитал обезбедува инвестициски кредит за финансирање мали и средни претпријатија до 500.000 евра со рок на отплата 8 години, една година грејс-период и 8 отсто фиксна каматна стапка. Потоа, кредитна линија за поддршка на извоз со максимален износ од два милиона евра, 12 месеци отплата и 7 проценти камата, како и кредитна линија за трајни обртни средства до 300.000 евра, три години рок на отплата и 8 отсто фиксна каматна стапка. Банката со поддршка на странски капитал реализира и кредитни линии за енергетска ефикасност, за обновливи извори на енергија, како и за зголемување на вработеноста.

Кредитни линии за поголема профитабилностКредитните линии што моментно им се нудат на македонските мали и средни претпријатија од повеќе финансиски институции во земјава овозможуваат фирмите да го подигнат квалитетот на своите производи и со тоа да станат поконкурентни и да ја зголемат профитабилноста.

Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), како што беше речено на работилницата "Пристап до извори на финансирање", од сопствениот капитал обезбедува инвестициски кредит за финансирање мали и средни претпријатија до 500.000 евра со рок на отплата 8 години, една година грејс-период и 8 отсто фиксна каматна стапка. Потоа, кредитна линија за поддршка на извоз со максимален износ од два милиона евра, 12 месеци отплата и 7 проценти камата, како и кредитна линија за трајни обртни средства до 300.000 евра, три години рок на отплата и 8 отсто фиксна каматна стапка. Банката со поддршка на странски капитал реализира и кредитни линии за енергетска ефикасност, за обновливи извори на енергија, како и за зголемување на вработеноста.

Преку ААГ Комуникации (Analysis and Advisoring group) достапна е кредитната линија за поддршка на мали и средни претпријатија доколку инвестираат во подобрување на еколошките стандарди, стандардите за безбедност при работа или во подобрување на квалитетот на производите и услугите.

- Целта на овој кредит е да се зголеми капацитетот на претпријатијата во однос на подобрувањето на стандардите во нивното еколошко функционирање, да се обидат да направат инвестиција што ќе значи усогласување со националното законодавство, но и со европските директиви посебно во заштитата на животната средина, безбедноста при работа и поголемиот квалитет на производите и услугите - рече Верица Хаџивасилева Марковска од ААГ Комуникации.

Кредитната линија за која се обезбедени 15 милиони евра, почна во август минатата година и трае 30 месеци. На фирмите им се даваат две можности, првата е да користат техничка помош од консултанти за да се подготоват да земат кредит, а втората е заемот.

Развојната фондација Кримсон нуди кредитни програми, но само за проекти или правни субјекти кои имаат американски партнер со најмалку 25 отсто сопственост. Притоа, американскиот партнер мора да докаже профитабилност и да има има искуство во ваков тип активности.

- Обезбедуваме заем од 2 до 250 милиони долари со фиксна каматна стапка до 15 години. Поголем дел од средствата, 65 отсто, се за финансирање нови проекти, а 35 проценти се за поддршка, односно проширување на постојните - вели Дарко Арсов од Кримсон Капитал Македонија.

Работилницата "Пристап до извори на финансирање" ја организираше Американската стопанска комора во Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik